Вкупно 22 лица починале како последица од инфекција со Ковид и покрај тоа што се вакцинирале, јавува Фактор повикувајќи се на официјални информации добиени од Министерството за здравство.
Според нив, од овие 22 лица кои починале 17 се разболеле во првите 14 дена по примањето на вакцината па се претпоставува дека и во моментот кога ја примиле веќе биле носители на вирусот.
Инаку од околу 216.000 вакцинирани вкупно се заразиле 664 граѓани и покрај тоа што веќе биле имунизирани.
Најголемиот дел и од оваа група на луѓе се заразиле во првите 14 дена по примањето на првата доза па и за нив се претпоставува дека најверојатно биле во период на инкубација кога ја примиле вакцината.