ПРОФ.ТРАЈКОВСКИ: Народе не се опуштајте пред време, ако не сакате да живееме под мерки уште една зима

by Тони Зографски

Последниве десет дена се забележува забавување на растот на кривата на вакцинираност со најмалку една доза, пишува проф.д-р Дејан Трајковски во својата најнова ковид-анализа.

-Кривата многу рано започна да се израмнува, дали веќе влегува во заситување? Дали е тоа поради намален интерес за вакцинирање или логистички проблем со снабдувањето? Дали можеби треба да се отворат повеќе вакцинални пунктови за да можат паралелно да се даваат прва и втора доза?

Народе, не се опуштајте пред време туку пријавувајте се за вакцинација, ако не сакате да живееме под мерки уште една зима, – напиша професорот Трајковски на својот Фејсбук профил.

останати вести