Фондациите „Новак Ѓоковиќ“ и „проф. д-р Ванчо Чифлиганец“ со Адора Бизнис Групацијата, како главни партнери во заедничка хумана мисија отворија нова градинка во село Љубиш, во близина на Златибор, Србија, и покажаа дека хуманоста нема граници. Се работи за нова градинка во рурална средина во општина Чајетина во Србија која е дел од проектот на Фондацијата Новак Ѓоковиќ. Целта е развој на селото за да не се отселуваат луѓето од помалите места. Градинката во селото Љубиш, кое се наоѓа на само неколку километри од Златибор е 46-та по ред новоотворена градинка чија цел е да им се обезбеди на децата од предучилишна возраст од помалку развиените средини да можат да учат и да играат во безбедна и креативна средина.
На отворањето на градинката присуствуваа градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кој им се заблагодари на двете Фондации за хуманата мисија, во името на жителите и децата од селото Љубиш, чија радост беше огромна. Благодарница до главниот партнер во оваа хуманитарната акција, менаџментот на Адора, проф.д-р Ванчо Чифлиганец и Душко Чифлиганец им врачија лично, Новак и Јелена Ѓоковиќ.
„Една детска насмевка вреди повеќе од сè на светот“, истакна Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, потенцирајќи дека е огромна чест да се соработува со Фондација од глобален ранг и со семејството Ѓоковиќ, а среќата и задоволството што се овозможува подобро образование во најраната возраст, чиj квалитет е клучен за подобро утре, се неизмерни.