Познатата холивудска глумица Селма Хајек откри дека била на работ на смртта од коронавирусот, и оти „лекарите ја замолиле да оди в болница затоа што била многу болна”, а таа не ги послушала.
Критичната епизода со болеста се случила првите денови од пандемијата. Минала седум седмици дома, на кислород.
„Лекарот инсистираше да одам во болница затоа што состојбата беше многу сериозна”, вели актерката и додава: „Не, благодарам. Повеќе сакам да умрам дома”.
Последиците од болеста се замор и пад во енергијата, што таа особено ги почувствувала за време на снимањето на филмот „Куќата на Гучи”, каде глуми со Лејди Гага.
Таа, исто така, проговори и за тормозњето што го доживеала од продуцентот Харви Вајнстин.
„Ми беше многу тешко затоа што решив да не бидам жртва, иако бев жртва. Морав да се уверам дека сум борец и после се, преживеав. Кога се случи ова, не знаев дека им се случило и на толку други жени. Бев во депресија со месеци. Навистина ми требаше многу време за да сфатам дека навистина преживеав и дека сум вистински борец”, вели Хајек во својот напис.