Австралиските и американските истражувачи развиле експериментална антивирусна терапија за директно лечење на Ковид-19.
Истражувањето го спровел интернационалниот тим составен од експерти од здравствениот институт Menzies во Квинсленд, заедно со Универзитетот Griffith, но и центарот за истражување и лекување на канцер, дијабетес и други болести кои се опасни по живот.
Тие користеле RNK технологија за да го намалат генот наречен siRNA така што директно го напаѓале генот на вирусот, што спречувало репликација на самиот вирус.
Липидните наночестички ги испраќале siRNA во белите дробови, односно критичното место на инфекцијата, пренесува австралискиот магазин Hospital Health.
Истражувањето кое било објавено во магазинот Molecular Therapy било спроведено на глувци заразени со коронавирусот, а укажува на тоа дека наночестичките siRNA би можеле да се развијат во терапијата за лекување на ковид пациенти.
„Лекувањето со оваа технологија го намалува вирусното оптоварување за 99,9 отсто. Кај глувците се зголемил бројот на преживеани и оние кои се избориле со инфекцијата. Дури и кај лекуваните преживеани глувци не можела да се најде трага од вирусот во белите дробови“, изјавил професорот Нигел МекМилан, еден од научниците кои го спровеле истражувањето.
Исто така, истражувачите порачуваат дека лекот е дизајниран за коронавирусот SARS-CoV-2, но и за „било која негова варијанта“ која евентуално би можела да се појави.
„Докажавме и дека овие наночестички се стабилни на 4 Целзиусови степни во текот на 12 месеци, а на собна температура и до еден месец, што значи дека овој лек би можел да се користи и во мали ресурси за лечење на заразени пациенти“, истакнал МекМилан.
Овој експерт делувањето на новиот лек сликовито го опишал како „барај и уништи“.
„Го уништува геномот, па вирусните честички повеќе не можат да се развиваат. Наночестичките во организмот почнуваат своевидна потрага по честичките од вирусот, па ги уништуваат како проектили со инфрацрвено зрачење кое реагира на топлина“, појаснил МекМилан.
Извор: Blic.rs