Алпинистката Илина Арсова на својот профил на Фејсбук ја раскажа целата приказна за нејзината борба со вирусот. Таа потенцираше дека речиси година и пол ги почитувала сите препорачани мерки.
“Пред еден месец добив симптоми на ковид 19, па сакам да го споделам моето искуство, со надеж дека некој нешто ќе научи, а на други пак ќе им помогне во закрепнувањето, кои иако се наоѓаат во иста ситуација, за тоа не се охрабриле да зборуваат.
Како и да е, каде погрешив?
На 14-тиот ден направив тест кој покажа дека сум негативна. Тоа беше непосредно пред Велигденските празниците кога Дојран се наполни со илјадници туристи жедни за пијанчење и прегласен турбо фолк – наша и само наша македонска дефиниција за празнување, на која и јас и мојот мојот сакан сме многу осетливи. Решивме да отидеме на планина каде исто така може да се празнува, во мир, не задолжителна тивка музика, чист воздух и вистински празник за очите и душата. Некаде на 18-тиот ден од симптомите решив да ја проверам својатафизичка форма и изгледа малку претерав кога во еден ден ги искачив сите врвови на планината Кожув. Е тука почна се!
Мојот нормален пулс кој обично е под 50, а сега и повеќе од месец дена после вирусот, ми се качува на 120 до 150 од една обична прошетка. Да бидам искрена толку ми бил пулсот можеби во најтешките делови при искачувањето на Еверест.
Се посветив на истражувања на оваа тема и гледам дека тоа е случај кај дури 30 % од прележаните од ковид, особено спортисти и активни физички луѓе. Компликациите од post acute covid syndrome може да траат и со месеци, што уште повеќе влијае врз психата на еден, до вчера совршено здрав човек, кој наеднаш е принуден да се соочи и прифати сосема нова реалност.
Затоа драги мои, пазете се и чувајте се! И не плашете се да споделите и зборувате за тоа. Бидејќи со размена на искуства само може да си помогнеме. Не бидете дел од стадото со мозок колку кикиритка, што мисли дека ако не те дознаат, не било! Тоа е исто како да сте болен од сида и знаејќи го тоа легнувате со што повеќе партнери без да ги предупредите дека сте носител на смртоносна болест. Себично зарем не?
Ајде ве молам да работиме на ова, да ја искорениме себичноста, неодговорноста и примитивизмот што не влече назад. Прво, бидејќи со тоа може да спасиме нечиј живот, второ еднаш и засекогаш да изградиме вистински трајни вредности во ова општество“, напиша Арсова.