Тамара Тодевска на својот Инстаграм на следбениците им откри дека повторно не се чувствува добро и легната во кревет напиша дека повторно има вирус, не потенцирајќи каков, но веројатно по симболот како дополнение, се работи за стомачен.
-Аман од вируси више, -пишува пејачката.
Инаку, Тамара Тодевска во март го прележа коронавирусот, но за среќа успеа да помине полесно и да се лекува во домашни услови.