За време на нивниот 27 години брак, семејството Гејтс собраа огромно богатство и основаа фондација вредна 50 милијарди долари. Тие трошат четири милиони долари годишно на даноци на недвижнини само во САД.
Бил и Мелинда Гејтс на Twitter објавија дека се разведуваат, ќе го делат својот имот на традиционален начин, а многумина се прашуваат кој што ќе поседува.
За Бил Гејтс, еден од петте најбогати луѓе во светот, се вели дека не сака да троши пари за непотребни работи. Покрај компании, приватни авиони, скапи автомобили, Гејтсови поседуваат и недвижнини во многу делови на светот.
Врз основа на стекнатото богатство минатата година, според „Business Insider“, Бил Гејтс заработува околу 4630 американски долари во секунда.
Ова значи дека ако потроши милион долари на ден, би биле потребни околу 400 години да го потроши цело богатство. Исто така, се наведува дека тој е побогат од британската монархија, има повеќе пари од најбогатиот Азиец и ако на секој човек во светот му даде 15 долари, тој пак ќе има уште 28 милијарди долари.
Вилата во Медина, со поглед на езерото Вашингтон, е изградена за семејството Гејтс. Модерна, екстравагантна куќа, дизајнирана од фирмата „Bolin, Sivinski, Jackson & Catler – Anderson“.
Покрај бројните простории, вилата има и 2.200 квадратни метри простории за состаноци и базен со подводно озвучување , гаража за неколку десетици автомобили и театар „Арт Деко“ со 20 места.
Исто така, има 2.500 квадратни метри здравствени и велнес објекти со теретана и сауна, библиотека од 2.100 квадратни метри, спортски терени, поток полн со лосос и пастрмка, пристаниште за брод и приватна плажа со песок донесен од островот Св. Луција.
Сето ова е придружено со совршена технолошка опрема со аудио-визуелни системи, сензори, референци за осветлување, кои се претходно програмирани и строго контролирани.
Гејтсови ја купија луксузна вила во Индијан Велс во 1999 година за 12,5 милиони долари. Парот поседува и луксузен ранч во Санта Фе, Калифорнија, куќа на океанското крајбрежје во Дел Мар и имот во Вајоминг и Велингтон.