Капитенот на Македонија, Горан Пандев на социјалните мрежи испрати порака до навивачите на Џенова по изборениот опстанок во Серија А, но воедно меѓуредови најави дека можеби и во следната сезона ќе игра за овој клуб, односно ќе ја одложи фудбалската пензија за уште една сезона.
„Оваа година беше исполнета со многу емоции, за мене, но и за Џенова како клуб. Опстанок, 100 постигнати голови во Серија А, 150 настапи во дресот на Џенова. Би сакал да сум заедно со вас, фановите на Џенова, во овој момент да го прославам ова со вас. И јас посакувам сета среќа на Џенвоа во иднина, сега е време за Европско првенство во дресот на Македонија. Напред Џенова, се надевам дека во најсоро веќе ќе имам можност да ве поздвам сите на стадион.“ – напиша Пандев.