Професорот од Медицинскиот факултет во Скопје, д-р Нико Беќаровски со пост на својот Фејсбук профил им го честиташе меѓународниот ден на медицинските сестри.
“Во изминативе 450 дена, имаше мои колеги доктори кои наоѓаа разни изговори да избегаат од првата линија на фронтот, но не знам за ниту една МЕДИЦИНСКА СЕСТРА, која дезертираше.
Затоа, со најдлабока почит, ВИЕ сте вистинските ХЕРОИНИ во оваа војна.
Вечен спомен за сите МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, кои храбро и беспоштедно го жртвуваа својот живот, а на сите останати ЧЕСТИТ ПРАЗНИК. Покажавте и докажавте дека сте вистинскиот ‘рбет на здравствениот систем, а организам со здрав ‘рбет може да се искачува кон врвот“, напиша д-р Беќаровски.