Директорот на Институтот за имунологија, доктор Александар Петличковски во Студио 10 вели дека граѓаните нема потреба да имаат страв од вакцините затоа што цел свет прифаќа дека токму тие се решение за епидемијата.
-Загрижувачки е фактот дека половина од пријавените не дошле на вакцинација. И факт на кој треба да му се посвети внимание. Ние треба да допреме до луѓето кои на почеток изразиле желба па се повлекле. Не го разбирам стравот имам разбирање за нешто што е ново, но помина тој бран. Новите модерни вакцини се беспрекорни со минимум несакани последици. Ги чекавме кениските тие се стари вакцини сега дојдоа и оние кои сакаа да се вакцинираат со нив се повлекоа и е сериозен проблем. Бидејќи ние имаме задача да им објасниме на луѓето кои не прифаќаат да се вакцинираат дека единствен излез од епидемијата е имунизацијата, а сега испаѓа дека тие кои прифатиле да се вакцинираат се повлекуваат. Цел свет прифаќа дека вакцините се многу добро решение, вели Петличковски