После долго и тешко боледување, на 74-годишна возраст, во Белград почина српскиот актер Феџа Стојановиќ, потврди Театарот „Атаље 212“.
Стојановиќ дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во 1973 година и оттогаш станал член на „Атаље 212“. Работел и како професор на катедрата за глума на Академијата уметност на БК Универзитетот.
Стојановиќ се појави во многу познати серии како „Село гори, баба се чешла“, „Бела Лаѓа“, „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Семејно богатство“, „Кошаркари“, „Мојот роднина од село“ и др.
Глумел и во филмовите „Таму и тука“, „Љубов и други злочини“, „Лепа села лепо горе“, „Чарлстон за Огњенка“, „Сироти мали хрчки“, „Мала ноќна музика“ и др.
Добитник е на повеќе престижни награди, меѓу кои наградата „Страхиња Петровиќ“ и „Танхофер“, како и бројни други актерски признанија.