Ен Далгас, вдовицата на Кирк Даглас и маќеа на актерот Мајкл почина вчера во Калифорнија. Пред една недела таа го прослави својот 102 роденден.
Семејството Даглас објави дека таа мирно починала во нејзиниот дом во Беверли Хилс вчера попладне. Нејзината смрт се случи околу една година по смртта на нејзиниот сопруг, кој почина во февруари 2020 година на 104 години. Двојката беше во брак 66 години. Парот се венчал во 1954 година откако се запознале во Париз за време на снимање на филмот „Act of Love“.
Двајцата ги имаат синовите Питер кој е продуцент и Ерик кој е актер.
-Често се прашувам што би се случило да не се венчав со неа. Можеби не би преживеал без нејзината смисла за хумор и искрен инстинкт, изјавил во една прилика Кирк Даглас.
Мајкл истакнал дека таа го извлекувала најдоброто од сите нив, особено од неговиот татко.