– Луѓето што не се во Црквата да не се мешаат во црковните работи, бидејќи нашите верници никогаш не се причестувале од повеќе лажички, па нема ни сега. Луѓето што се неверници и што се против Бога, тие нека си кажуваат што сакаат во јавноста, ама нека не се мешаат во Црквата како што ние не им се мешаме во државата. Ние сме самостојна црква и сами ги носиме одлуките. Преку причестувањето, верниците ги примаат телото и крвта Христова, а тука не може да се експериментира. Ако заразата се ширеше преку причестувањето, тогаш сите свештеници, ѓакони и владици ќе беа мртви, оти ние се причестуваме по секоја литургија, секоја недела. Уште еднаш ќе повторам, луѓето кои се надвор од црквата да не се мешаат во црковните работи – изјава миторполитот преспанско-пелагониски г. Петар за Плусинфо откако министерот за здравство Венко Филипче го осуди причестување од иста лажичка и апелира тоа да не се прави.