Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 146, Куманово – 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид – по 18, Тетово и Кочани – по 17, Велес и Кавадарци – по 15, Струмица и Кичево – по 14, Виница – 11, Гостивар – 10, Штип – 9, Демир Хисар – 8, Струга – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево – по 3, Неготино – 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 1.001 оздравени пациенти од: Скопје – 432, Битола – 80, Куманово – 73, Прилеп – 69, Кавадарци – 51, Тетово – 38, Велес – 35, Кичево – 29, Неготино – 23, Гостивар – 21, Охрид и Штип – по 17, Кочани, Струмица и Радовиш – по 15, Гевгелија – 13, Свети Николе – 11, Виница – 9, Делчево – 8, Демир Капија – 7, Ресен и Дебар – по 5, Берово – 4, Крива Паланка и Дојран – по 2, Демир Хисар, Струга, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 28 починати лица: 9 од Скопје (57г, 62г , 66г, 66г, 69г, 72г, 73г, 76г и 80г), 4 од Битола (68г, 73г, 83г и 88г), 3 од Охрид (73г, 80г и 81г ), по 2 лица од Кочани (66г и 67г ), Струмица (63г и 79г ) и Гевгелија (73г и 80г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г). Од починатите пациенти, 7 лица се починати во домашни услови (4 од Битола за цел месец април), а 21 се починати во болнички услови.