УБАВА ВЕСТ: Лекот „барицитиниб“ одобрен за лекување на ковид-19

by Тони Зографски

Експертскиот совет на Министерството за здравство и труд на Јапонија ја одобри употребата на лекот „барицитиниб“ за третман на Ковид-19.

Станува збор за таблети што ги произведува американската компанија „Ели Лили“, а кои се користат за лекување на ревматоиден артритис.

Јапонската новинска агенција „Кјодо“ јави дека компанијата побарала дозвола за употреба на лекот уште во декември, а за да тој лек може да се најде во употреба во Јапонија за инфекцијата предизвикана од коронавирусот веќе наредниот месец. За тоа ќе треба и формално одобрување од страна на јапонската Влада.

Лекот „барицириниб“ доби дозвола и во САД и се користи како додаток во антивиралната терапија со лекот „ремдесивир“.

Јапонската Влада досега за лекувањето на инфекцијата со Ковид-19 го одобри користењето на лековите „ремдесивир“ и стероидниот „дексаметазон“.

останати вести