Семејствата на Емилија Динева од Стар Дојран и Верче Белчовска од Берово со одлуката да ги донираат органите на своите прерано починати сакани, во најтешките моменти на тага и болка, спасија многу животи. Истовремено тие поттикнаа еден нов бран на интерес околу донирањето на органи во Македонија.
Горјан Јовановски, момчето кое е креатор на апликацијата Мој Воздух, но и кое отворено говори и се заложува за сите општествени теми, на својот Фејсбук сподели неколку важни информации за тоа „КАКО СЕ ДОНИРААТ ОРГАНИ ПО СМРТ?“
“КАКО ДА ДОНИРАМ ОРГАНИ ПО СМРТ?
По прекрасната приказна дека срцето на Верче спаси туѓ живот, морав да проверам каков е законот за дарување на органи по смрт.
– Член 28 од Закон за земање и пресадување на делови на човечкото тело заради лекување, вели:
„(1) Делови од телото од умрено лице заради пресадување може да се земат доколку лицето додека било живо писмено се изјаснило дека органи и ткива од неговото тело сака да бидат користени за пресадување, на образец на изјавата за согласување.“ (https://bit.ly/2QC6eKi)
– ФЗО го дефинира тој образец во нивниот правилник во Прилог 3: https://bit.ly/3gizL6R
Со таа цел, направив спремна изјава што може да ја преземете од линкот долу (File -> Download), да ја пополните, и да ја доставите до вашиот матичен лекар, кој треба да ја проследи до министерството за здравство.
Изјава: http://bit.ly/SoglasnostDaritelOrgani
Донирајте органи, да спасиме туѓи животи, како што направи Верче!