Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела

by Тони Зографски

Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една неделa, oдлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на министерот за здравство д-р Венко Филипче, односно Комисијата за заразни болести.

Веќе следната недела, по анализата на состојбата ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости само надвор.

Предлогот за мерките утре ќе биде на седница на Влада, каде треба да се усвои.

останати вести