Во 3 часот и 33 минути зачука новото срце на 27-годишно момче

by Тони Зографски

Во текот на ноќта на Клиниката за кардиохирургија е извршена втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, а операцијата беше извршена врз момче на 27-годишна возраст, кoe подолго време чекало донор.

Момчето го доби срцето од девојка која загина во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство дало согласност за донирање на нејзините органи.

Веста за трансплантацијата ја објави утрово министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил.

„Во 3:33 часот утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги“, напиша министерот.

 

 

останати вести