СО ТОНИК ОД НАЈОТРОВНИ РАСТЕНИЈА ЛЕКУВААТ ОД КОРОНА: Претседателот на Киргистан им даде на лекарите семеен рецепт (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во Киргистан, хербален тоник ќе се користи за лекување на лица со ковид-19, соопшти министерот за здравство Алимкадир Беишеналиев, и покрај предупредувањата на медицинските експерти дека содржи потенцијален смртоносен отров, пренесува Ројтерс.

Со цел да се покаже дека тоникот е безбеден за употреба, министерот пиеше раствор направен од коренот на растението од семејната градина на онлајн конференција.

-Оние со лесни симптоми се опоравуваат за еден ден, а оние со потешка форма на болест за три до четири дена, рече Беишеналиев.

Претседателот Садр Јапаров лично им дал на лекарите рецепт што неговиот татко му го пренел на него и тие веќе го користат, додаде Беишеналиев.

Сепак, медицинскиот експерт и поранешен советник во Министерството за здравство, Бермет Бариктабасова, вели дека тоа е „најотровната билка во Киргистан“.

-Дури и најмалата доза од нејзиниот екстракт има силно негативно влијание врз телото и лицето може брзо да умре. Ние се враќаме во средниот век, рече таа.

останати вести