Докторот Александар Петличковски од Институтот за имунобиологија за емисијата „Студио 10“, истакна дека скептицизмот за вакцините полека се намалува.
Бројките за пофалба се 100 дози на 100 луѓе. Бројката од 30.000 не е голема бројка. Ние немаме ни 1,5 од населението покриено. Сепак вакцинацијата е подолго траен процес, а ефект ќе видиме кога убав процент од населението, односно 15-20 посто од населението ќе ги добие двете дози или барем месец дена поминати после првата доза. Тогаш можеме да сметаме на колективен имунитет како значајна помош во борбата против пандемијата“, вели докторот и додава:
“Јас сум приврзаник на ставот дека вакцинацијата е поврзана со несакани ефект, исто колку и сите други вакцини, исто колку и различни лекови што се во употреба. Сепак вакцината има огромни шанси да не спаси од теша болест или смрт. Читаме деновиве дека канцеларката Ангела Меркел ќе се вакцинира со АстраЗенека. Па зарем таа би се имунизирала со оваа вакцина, ако таа имаше некој проблем. Во Јужна Кореја, на пример никогаш не запрела вакцинацијата со оваа вакцина. Ние немаме луксуз да кажеме дека ќе ја прекинеме вакцинацијата со препаратот од оваа компанија. Таа сосема е солидна и решава смртни исходи, појаснува докторот од Институтот за имунобиологија.
