Шефицата на данската Агенција за лекови, Тања Ерихсон се онесвести за време на прес-конференција на која беше објавено дека Данска ќе престане да вакцинира со вакцината АстраЗенека до ново известување.
“Данска е првата земја на Европската унија што трајно ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека. Ризикот од нарушувања на коагулацијата е мал, но сепак е превисок за да се продолжи со вакцинацијата како што беше планирано”, рече таа, а потоа се онесвести.
Најбрзо реагираше Сорен Брострем, директорот на Данската здравствена управа и ја смести во странична положба. Прес-конференцијата веднаш беше прекината, а новинарите дојдоа на помош и помогнаа да се изнесе онесвестената шефица на Агенцијата за лекови.
Ерихсен била пренесена во болницата, а данската здравствена управа објави на Твитер дека Ерихсен се освестила, но ќе биде задржана во болницата за да и се провери состојбата. На крајот, Брострем сам ја одржа конференцијата.
Инаку, Данска е првата европска земја што одлучи трајно да престане со вакцинирање со AstraZenecа.
https://twitter.com/i/status/1382683297113853954