Познатиот српски композитор Зоран Симјановиќ (75) почина од компликации од ковид-19. Тој беше во болница последните две недели, а од ковид-19 се разболел по враќањето од скијање на Копаоник.
Симјановиќ беше автор на музиката на легендарните филмови „Специјално образование“, „Мирисот на полските цвеќиња“, „Национална класа“, „Течат деновите на Земјата“, „Се сеќаваш ли, Доли Бел“, „Татко на службен пат“, „Сок од сливи“ , „Маратонците го трчаат по почесниот круг“, „Балкан експрес“, „Вариола вера“, „Тајванска канаста“, „Грлом во јагоди“, „Собирен центар“, „Танго аргентино“ , „Вирџина“, „Беса“, „Буре барут“, „Тито и јас“…
На многу филмови за кои работеше музика, им беа доделени награди на светски и домашни фестивали, а самиот Симјановиќ е добитник на наградите „Дарко Краćиќ“, Наградата на градот Белград, како и на Наградата за животно дело.