Од коронавирус, на 56 годишна возраст почина Тони Николовски, советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и поранешен снимател, со искуство во повеќе медиумски куќи.
Николовски работеше како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година, пред да стане советник во МЗШВ.
По негова иницијатива во 2012 година започна со работа Бриф.мк.
Тој е сопруг на поранешната пратеничка Ленче Николовска. Во својот работен век работел и во МРТВ, како и во поранешната А1 телевизија.