Доктор Горан Кунгуловски на својот Фејсбук профил напиша која стратегија според него е најдобра за вакцинирање при недостаток на вакцини.
-Според мене најдобрата стратегија за вакцинирање при дефицит на вакцини (а таква е глобалната состојба) и воедно најхрабрата и најпрагматичната и најчовечната е следната:
Иницијален едно-дозен режим на што поголем број на луѓе, којшто после 2-3 недели води до некаков имунитет [3/4 од вкупен].
Примена на дво-дозен режим кај постари возрасни групи.
Придобивките од оваа стратегија се двострани:
Стеснет ланец на преносливост, што води до намалување на случаи со зараза и
Намален број на луѓе кадешто потенцијалната зараза ќе води до сериозна форма на болеста.
Во секој случај, некаков имунитет [10-30% намаленa ефикасност во споредба со две дози] кај многу луѓе е подобар од “дво-дозен” имунитет кај помала бројка на луѓе и далеку подобар од никаков имунитет кај голем број на луѓе, пишува Кунгуловски.