Во кругот на најблиските членови на семејството, сопругата Сенка и синот Васил, како и најблиските пријатели бидејќи условите поради пандемијата на коронавирус не дозволуваат поинаку, денес на Новите гробишта во Белград беше погребан Зафир Хаџиманов.
Неговата урна беше положена во Алејата на заслужните граѓани.
Зафир Хаџиманов почина поради компликации со коронавирусот на 27 март. Тој беше филмски актер, пејач, композитор и sвезда на југословенската шансона. Во 1967 година, на фестивалот во Варадеро, Куба, беше прогласен за најпопуларен пејач. Одеше на турнеи во СССР, снимаше телевизиски емисии. На фестивалот во Опатија во 1969 година, тој ја изведе шансоната „Био је мај“, неговиот најпознат евергрин.