Полицискиот час од 20 часот, рестораните, обложувалниците, фитнес клубовите до 20 април под клуч

by Тони Зографски

-Владата на денешната седница го усвои предлогот на Кризниот штаб, и одлучи од утре (вторник) полицискиот час да почнува од 20 часот до 05 часот наредниот ден, а оваа одлуката  ќе трае до 20 април, -соопшти премиерот Зоран Заев  на денешната прес-конференција

Се затвараат угостителските објекти, казината и фитнес клубовите кои ќе бидат затворени од 7 до 20 април. Обложувалниците ќе работат шалтерски.

Се забрануваат организирање семинари, конференции и слични настани, како и одржување спортски активности.

Останува на сила групирањето до четворица.

Премиерот Заев побара од граѓаните да ги почитуваат мерките и потенцираше дека мерките се воведуваат токму пред празниците за да се намалат бројките.

останати вести