950
Се очекува Владата денеска да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладното таква препорака произлегла од заседанието на Главниот координативен штаб, дознава „360 степени“.
Според нивните сознанија, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два часa порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22.00 часот, тој ќе почнува од 20.00 часот и ќе трае до 5.00 часот изутрина.
Во 13 часот Владата ќе одржи седница и да ги формализира одлуките.
