Град Скопје денеска ќе ја урива галијата кај „Холидеј ин“

by Тони Зографски

Град Скопје денеска почнува со уривање на галијата кај хотелот „Холидеј ин“.

Галијата ќе ја отстрануваат екипи од ЈП „Улици и патишта“ со асистенција на полицијата.

Оваа одлука градоначалникот Шилегов ја донесе уште во месец јуни минатата година, кога го прекина договорот со сопственикот на бродот  бидејќи не платил кирија за 4 месеци. Со тоа се прекршени одредбите од договорот и може да се отстрани без Градот да биде тужен и да плаќа пенали. Рокот на користење беше 10 години од почнување со работа, а месечната кирија 64.999 денари.

Инаку, галиите кои се наоѓаат во реката Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com