Српската премерка Ана Брнабиќ во своето гостување на ТВ Прва изјави дека нејзината земја покажала солидарни во најтешките можни времиња.
“Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња. Минатата недела им испративме 20.000 Спутник вакцини на пријателите од Северна Македонија, и тие ќе ги добијат и другите дози од руската вакцина, претходно им испративме и вакцини од компанијата Фајзер, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.
Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.
„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност“.
Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Фајзер и 500.000 Синофарм, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.