Најтрофејниот македонски клуб Вардар со нови дресови ќе истрча утре на дербито со Пелистер, откако денеска црвено-црните ја претстави новата опрема.
Вардар после подолг период нема повеќе да игра во опремата на Хумел, па отсега ќе биде „облечен“ во Јома, а првпат ќе биде брендирана со логото на навивачите Комити.
Вардар за првпат во својата историја ќе игра во опрема брендирана со логото на „Комити“, официјално и Вардарци ќе бидат Комити, информираа фановите на „црвено-црните“ на својата „Фејсбук“ страница.
– Тешките времиња не научија да се сллотиме, па иако и предходно беше најасно каде завршува она што значи клуб и меѓата на она што значи трибина, сега повеќе такви граници и не постојат, ние сме едно, ние сме ВАРДАР!
Доколку тоа беше познато и не е некоја новина, сепак ви претставуваме една убава вест – Вардар за првпат во својата историја ќе игра во опрема брендирана со нашето лого, за првпат официјално – и Вардарци ќе бидат Комити!
Промоција на овој нов изглед на Фудбалскиот Клуб Вардар ќе имаме веќе утре на дербито во Битола против Пелистер.
За време на војна артилеријата е насочена кон униформите, а со нашиот амблем тежината на дресот е уште поголема…Во моментите кога нашата поддршка ќе изостане поради забраната за присуство на навивачи на трибините, погледот кон бројот 87 и името Комити, ќе потсети кој стои и ќе остане позади Вардар и кога се би се распаднало и срушило. Нека тоа ве храбри и нека ви подари елан и сила. Вие нема што да изгубите, опуштени, единствено што бараме е да дадете се од себе!
Благодарност до LOMA SPORT – JOMA за тоа што помогнаа Вардар да го личи, и да зрачи како што треба и доликува. Со нив наскоро започнуваме една нова акција, како продолжение на акцијата „Купи билет за спас на Вардар“.
Многу скоро, секој од вас ќе може да го има овој антологиски дрес на Вардар, достапен во сите величини, почнувајќи од оние за најмлади возрасти, женски и машки па се до 3XL…Дресот ќе има многу популарна и достапна цена, и на истиот ќе може да биде запишано вашето име и бројка која вие сакате.
БИДИ ВАРДАР ЗА СПАС НА ВАРДАР!!! – пренесуваат „Комити Скопје“ преку својата официјална Фејсбук страница.