„Поздрав до сите што ме/нѐ омаловажуваа, еве им сега шанса и тие да се радуваат. Јас прифаќам критики, работам јавна работа, ама не прифаќам омаловажувања и посебно опструкции. А, сите знаете кои во последно време сакаше да не омаловажи и опструира. Се надевам дека ќе се свестат и ќе видат што направивме и каков тим е ова. Ова е победа за целиот народ во Македонија. Кога еден Јоаким Лев ќе дојде и ќе ви честита, кога пред мечот ќе ви одаде признание дека добро сте работеле пет години, мислам дека сѐ е јасно“, рече Ангеловски.
Инаку, веќе не е тајна дека Сејдини се обиде да го смени Ангеловски пред баражите за ЕП, откако јавно ова го обелодени пред еден месец Горан Пандев, па потоа се одолговлекуваше со новиот договор после историскиот пласман, а сѐ заврши со шестмесечен договор до после настапот на Македонија на континенталниот шампионат. Во еуфорија, Ангеловски им упати порака на сите што го омаловажуваа и пред сѐ опструираа.