Во својот трет натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство, македонската фудбалска репрезентација вечерва на стадионот во Дуизбург направи вистинска сензација совладувајќи ја Германија со резултат 1:2. Успеа да запише три златни бода, три големи бода против шампионот од Бразил на СП 2014 година и да го постигне еден од најголемите успеси во историјата на македонскиот фудбал
Прво, преку Горан Пандев во финишот од првиот дел дојдовме до водство со 0:1. Со овој погодок нашиот капитен со 37 години стана најстариот фудбалер кој на Германците им дал гол во мундијалски квалификации.
Во второто полувреме, главниот судија Карашев сметаше дека Алиоски го соборил Сане, па Гундоган од пенал израмни во 73 минута. Во самиот финиш од натпреварот Елмас носи предност за Македонија. Одличен гол постигнат во 85 . минута. Адеми од левата страна додаде до Елмас кој што стрела во мрежата на Тер Штеген.
Ова се големи, огромни бодови во квалификациите за СП2022 за Македонија, прв светски шампион кој сме успеале да го срушиме.
https://twitter.com/i/status/1377344018158211074
https://twitter.com/i/status/1377358773791162370