Срам за државата е тоа што се случуваше изминатиов викенд кога македонски граѓани се вакцинираа во Србија, изјави претседателот Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност и додаде:
– Побарав надлежните да го организираат процесот во најдобар ред и таа обемна операција да продолжи до целосна имунизација на населението. Прекини во тој процес не смее да има. Тоа не го велам само јас, верувам дека го пренесувам чувството на македонските граѓани кои се незадоволни од она о што на тој план го направивме досега. Сликите од изминатиот викенд што се случуваа во соседна Србија тоа најдобро го илустрираат,- рече Пендаровски.
“Апел до приватните здравствени установи да се откажат од профитот, да ги направат своите услуги достапни за инфицираните од коронавирус и да го упатуваат својот медицински персонал во јавните установи доколку има потреба“,.
Тој истакна дека се договориле на Советот за безбедност сите државни функционери да се пријават на сајтот за вакцинирање и кога ќе дојде редот да се вакцинираат, со цел да нема злоупотреби, ниту некој да се вакцинира преку ред.
„Ние сме исти со сите други граѓани“, рече Пендаровски и додаде дека во наредните денови јавно ќе посочи на оние кои не се однесуваат одговорно.
Одговарајќи на новинарско прашање, Пендаровски рече дека нови рестрикции, карантин нема да има, но ги повика граѓаните кои се опуштија да ги почитуваат мерките.