Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски се огласи во врска со наводите во дел од медиумите дека е еден од можните кандидати на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Тој на Твитер објави дека неговата професионална мисија е ориентирана кон лекување на децата.
-Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене,кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес“, реагира Владимир Чадиковски, специјалист по детска хирургија, откако некои медиуми шпекулираа дека e еден од можните кандидати за градоначалник кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ – напиша д-р Чадиковски.
Инаку, Владимир Чадиковски имал добар рејтинг според последните анкети направени од неколку агенции.