Преку својот Фејсбук профил се огласи и пастор Филип Иванов, каде во својот статус пишува дека Србија моментално им држи лекции по дипломатија на нашиве политиканти, а на светот му држи лекција по хуманост.
“Србија моментално им држи лекции по дипломатија на нашиве политиканти, а на лицемерниот свет му држи лекција по хуманост.
На годишнината од членството во НАТО, илјадници граѓани на Македонија бараат спас во Србија, земјата бомбардирана од таа организација, земја која сега ни дава помош бесплатно, додека во исто време ние му даваме на НАТО 210 милиони долари за скапани 54 возила.
За земји членки на ЕУ променивме Устав и име на државата, од тие земји освен додатни уцени не добивме и нема да добиеме ништо. Сега барем е очигледно.
За крај, еден Библиски стих: „Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат.“ (Изреки 17:17)“, напиша пастор Филип Иванов.