Над 2.000 лица од рано утринава ја напуштиле Македонија преку Граничниот премин Табановце, а голем дел од нив поради процесот на вакцинација во Србија.
– На ГП „Табановце“ во периодот од 00.00 часот до 10.00 часот на 27.03.2021 година влез/излез оствариле вкупно 3234 лица, од кои на влез 1095 лица, а на излез 2139 лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најголем дел од оние кои патуваа се пријавиле за вакцини преку Стопанската комора и денеска ќе се вакцинираат во Ниш, но имаше и такви кои одлучиле да одат без направена пријава, со оглед дека вакцина може да примат сите кои ќе дојдат на вакциналните пунктови во Србија викендов.
Инаку, утринава за излез од државата се чекаше и по 40 минути, откако граѓаните на Македонија се одлучија имунизацијата да ја направат во Србија.