И Германци, Холанѓани и Словаци денес на вакцинирање во Србија

by Тони Зографски

Медиумите во Србија од утрово известуваат за големи гужви на Белграадскиот саем каде се спроведува масовна вакцинација на населението.

Но она што е различно овој викнед е што поголем број од оние кои денеска и утре имаат термини за вакцинација се државјани од речиси сите земји од Западен Балкан.

Според изјавите на лицата кои го одржуваат редот, има државјани од Северна Макединија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, но и од некои европски земји: Германци, Холанѓани и Словаци, објави Би-би-си на српски јазик.

Утрово гужва беше регистрирана и на граничниот премин Табановце, за излез од Македонија, но најмногу се чекало на граничните премини на Србија со БиХ. Километарски колони со возила имало и на преминот Хоргош, на влезот во Србија од Унгарија, но исто така и на Батровци и преминот Сид кон Хрватска. Вакцинацијата на странските државјани што започна викендов ќе се спроведе во Белград и Нови Сад.

 

останати вести