Фолк пејачот Предраг Живковиќ Тозовац на почетокот на месецот бепе хоспитализиран поради компликации со корона вирусот, а според српските медиуми за два дена ќе ја напушти болницата.
Тозовац како што се наведуваат медиумите, ги одбегна тешките последици бидејќи непосредно пред короната ја примил кинеската вакцина.
– Предраг се чувствува одлично и денешните прогнози се дека тој ќе биде пуштен од болница за два до три дена. Тој беше примен со воспаление на белите дробови и беше само на кислородна поддршка. Непосредно пред да се зарази ја примил втората доза од кинескаат вакцина поради што немал тешки симптоми. Благодарение на вакцината одбегна респиратор и за своите 85 години успеа да го победи вирусот на кои многумина не им успеаа. Здравствените работници, лекари се задоволни од неговата здравствена состојба, – вели извор за медиумите