Од „ТВОЈА“ партија прашуваат зошто Македонија не е на списокот за Pfizer вакцини преку Covax.
-„ТВОЈА “ партија ја прашува Владата зошто нашата земја не е влезена во распределбата на Pfizer -вакцини за првото тромесечје преку Covax/Gavi системот?Рокот за аплицирање за Pfizer вакцини Covax/Gavi системот бил до 18 Јануари 2021?Дали е испочитуван рокот?
Доколку е аплицирано навремено, кој е условот кој го немаме исполнето?За Босна и Херцеговина преку истиот систем за првото тромесечје се доделени 23.400 Pfizer вакцини.Потсетуваме дека Covax/Gavi е транспарентен систем. Одговорот за причината поради која не сме влезени во глобалната распределба преку Covax/Gavi системот на 1.200.000 Pfizer вакцини за првото тромесечје е јавна информација и бараме истата јавно да биде обелоденета. Јавната објава од Гави/Ковакс може да го погледнте на овој ЛИНК, велат од „Твоја“.