Почнувајќи од утринава, во Србија затворени остануваат сите угостителски објекти, ресторани, кафулиња, ноќни клубови и барови како и трговските центри. Причината е коронавирусот и разгорувањето на истиот во таа земја.
На угостителските објекти дозволена им е шалтерска продажба на храна и пијалоци 24 часа дневно. Хотелските ресторани и кафулиња може да работат до 21 часот и само за гостите на хотелот.
Од друга страна до 21 часот дозвола да работат имаат кината, театрите галериите и библиотеките со почитување на протоколите за заштита од ковид 19.
Она што е задолжително е дека објектите на отворено мора да имаат 9 метри квадратни по лице, додека спа центри, теретани и фитнес клубови мора да држат дистанца од 16 м2 по лице.