Нашата докторка Марија Бунда Калпак храбро на својот Инстаграм профил проговори за дијагнозата рак и нејзината голгота.
„Рак на гради на 28 години? Да, тоа сум јас!
Не мислев дека мене ќе ми се случи, ниту пак дека ова некогаш ќе го пишувам 2 дена после операција.. Упс не, после втора операција за 2 недели.
Поминаа 7 месеци од првичната дијагноза и сега имам храброст да ја споделам оваа приказна зошто знам дека може да помогне на многумина и да ја подигнеме заедно свеста за оваа ужасна болест.
Јас лично бев до пеколот и назад.. И сѐ уште сум на патот. Не, не беше сѐ лошо и сум благодарна и заради многуте добри работи што ми ги донесе ова патување. Не е завршено, продолжува и ќе трае цел живот..
Сепак сум уверена дека животот ни носи само онолку колку што можеме да издржиме, а тоа ќе нѐ направи посилни.“