Филипинските власти соопштија дека е откриен нов вид на коронавирус во земјата, изјави за медиумите филипинското Министерство за здравство.
Здравствените власти следеа и анализираа 85 случаи на инфекција со како што соопштија „уникатен сет на мутации“.
Член на техничката советничка група во Министерството, Ана Онг Лим, изјави дека се чека стручна потврда, дали станува збор за нов вид на вирус, или за еден од оние што веќе биле откриени во друга земја, објави „Спутник“.