По бранувањата во јавноста дека Македонија не добила пари од Европската унија од солидарниот фонд, од Европската унија велат дека услов да се добијат парите биле државата да направи расход од 32 милиони евра во првите четири месеци од пандемијата – пренесува Канал 5.
Бидејќи нашата држава на почетокот на пандемијата успешно се справи со ковид кризата ,потроши 7,6 милиони евра, со што ни ги исполнуваше критериумите информираат од секретаријатот за европски прашања.
„ЕУ обезбеди одржлива помош за Македонија во справување со ковид-19 од почетокот на пандемијата. Конкретно обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за макрофинансиска помош, “ велата од делегацијата на ЕУ.
Инаку, неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан.