Најверојатно трговските центри ќе продолжт да работат и во недела, односно дека вработените во трговијата на мало ќе бидат исклучени од законското решение за недела како неработен ден.
-Три месеци ние како Влада разговараме, оваа дебата е навистина суштинска. Вклучени се и коморите и во текот на расправата произлегоа други размислувања и кога носите некоја мерка и проекција, вие мора да се соочите и со бројките и со реалноста. Разговарамме и со колегите министри и за работењето на трговските центри
Анализите покажуваат дека 50 проценти од својот промет трговските центри го обавуваат во недела, тоа се серизони бројки и придонес во целокупната економија и во шопинг-туризмот. Секако ќе биде построго дефинирано работното време и со дополнителни критериуми во драфт-верзијата како обврски на сопствениците на продавниците за дополнителен данок за државната каса и дополнителен придонес кон работниците, -рече Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Вчера премиерот Зоран Заев при посета на градилиштето на трговскиот центар „Скопје ист гејт“ истакна дека трговските центри треба да работат и во недела, но вели дека им дава шанса на ресорните министри, работниците и коморите да утврдат кое е најдоброто решение
-Ако во недела не работат трговските центри во Скопје нашите граѓани ќе одат во Косово и во Србија. Ако, пак, работат, тие ќе дојдат овде во недела. При тоа работењето во недела треба да се определи какво е согласно работничките права, – рече Заев.