Инфектологот, професор и доктор Вело Марковски во интервју дадено за локално.мк меѓудругото истакна дека вакцината не е решение за излез од пандемијата.
-Карантин, односно карантински мерки се оправдани за спречување на карантински болести. Карантинските болести се пратени со висока смртност, од 30-70%, и тогаш навистина е оправдано да се спроведува се што е на располагање за спречување и намалување на смртноста, и тоа без пардон, со војска полиција, со се. За болест која е со смртност помала од 0,5% се неоправдани, погрешни, смешни сите мерки. Не дај боже да бидеме сведоци на појава на карантинска болест (вариола вера, колера, жолта треска, ебола, марбург и останати хеморагични трески…) Од друга страна вакцината не е решение за излез од пандемијава ни во држави со 30-50% комплетно вакцинирање, а камоли кај нас со неколку илјади дози. Впрочем никој, ни СЗО, ни ЦДЦ ни производителите, никој не кажува дека со вакцината ќе прекине пандемијата. И понатаму ќе продолжат општите превентивни мерки и ќе се чека природно повлекување на САРС Ков-2 вирусот или природен колективен имунитет. Стана практика, за зголемен број на позитивни да се обвинува народот. Уредно вакцинирани со две дози вакцини, не биле дисциплинирани и затоа се разболувале!!! Досега ова не е видено, вакцините штителе во огромен процент над 95 %, а од друга страна немале сериозни несакани дејства. Сега, иако рано е и се уште нема научни трудови, но евидентно е дека има смртност како последица на вакцините, како и на сериозни здравствени проблеми. За вакцината за вариола вера (болеста оди со 70% смртност) е дозволиво еден умрен на милион дози вакцини. Сега и најоптимистичките извештаи укажуваат дека има повеќе умрени од неколку на милион дози вакцини, а се работи за болест која е пратена со ниска смртност,- објаснува инфектологот.
Повеќе на локално.мк