На 28 -от Меѓународен вински натпревар „Мундус Вини“ што се одржа во Германија, во исклучително силна конкуренција, врвниот и уникатен вкус беа пресудни за жирито на овој стручен натпревар да му додели Златен медал на виното „Марков манастир“, од бербата од 2011 година, кое е дел од Премиум линијата вина на Винарија Сковин Група. Прво македонско врвно суво црвено вино добиено од селектирано грозје од сортата Вранец, од сопствените насади на Винарија Сковин, во локалитет Маркова Река. Моќно, врвно, незаменливо.
Квалитетот на нашите производи е наш највисок приоритет, а паралелно со тоа посебно внимание се посветува на развојот на компанијата. Винаријата моментално работи на нови квалитетни производи за кои очекуваме да бидат врвни вински амбасадори на нашата земја во светот.
„Мундус Вини“ е еден од најпознатите и најценетите вински натпревари. Виното „Марков манастир“ го доби златниот медал во конкуренција на повеќе од 10.000 вина на производители од целиот свет, со преку 50 земји учеснички. Квалитетот на пристигнатите вина го оценува меѓународно стручно жири составено од 150 висококвалификувани судии-енолози, вински аналитичари, трговци на вино, сомелиери и новинари што ја следат светската винска индустрија.
Вообичаено беше награденото вино на Сковин винарија заедно со другите победници на „Мундус Вини“ да бидат изложени пред посетителите на еден од најголемите вински настани во светот „Провајн“ во Дизелдорф, но поради пандемијата на коронавирусот годинава тој нема да се одржи.