Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави дека покрај вакцини набавуваат и два лека кои помагаат во лечењето од корона.Станува збор за лекови кои во многу можат да помогнат и чинат и по неколку илјади евра.
Ќе се даваат само на навистина тешки случаи и вакви лекови досега имаат набавено само Германија и Чешка.
„Набавивме лек кој е многу скап, и кој чини неколку илјади евра. Тој се дава на многу тешки случаи. Едниот го имаат набавено само Германија и Чешка, а другиот Германија, Чешка и Унгарија. Само тие земји во Европа. Станува збор за Бамлавинап и Регенерор. Функционира така што успева вирусот го извлече од вашиот организам“, рече Вучиќ.
Тој уште еднаш апелираше до граѓаните да се пријават за вакцинација, и да не ги слушаат шпекулациите дека вакцините не се ефикасни.
„Ве молам не ги слушајте оние кои велат дека даваме шеќер и вода, или само обична вода. Па коронавирусот не чини неколку милијарди евра. Зарем мислите дека се шегуваме“, вели српскиот претседател.