Докторот од Клиниката за токсикологија, д-р Нино Беќаровски, денеска преку својот Фејсбук профил упати апел да се забрани движењето на младите во Градскиот парк и на Водно во периодот од 22 до 4 часот наутро.
-ЗАТВОРЕТЕ ГИ ЗА СЕКАКВО ДВИЖЕЊЕ ГРАДСКИОТ ПАРК И ВОДНО ОД 22-04 часот.Станаа легло на алкохолизам и наркоманија на малолетниците. Економската загуба ќе биде 0%, а здравствениот ефект ОГРОМЕН !!!!, – пишува на својот Фејсбук профил, Беќаровски.