Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19.
Во Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:
Скопје – 50, Прилеп – 29, Кавадарци – 25, Куманово – 15, Тетово – 14, Велес – 9, Неготино – 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Гостивар – 5, Струмица и Крушево – по 4, Богданци – 3, Штип, Свети Николе и Валандово – по 2, Делчево и Пробиштип – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.